
Кражбите на телефони и чанти веќе не се во мода во Венецуела. Крадците се насочија кон нешто многу повредно – женска коса.
Стапката на кражби во крајбрежниот град Маракаибо драстично е зголеменa, а нова цел е женската коса. Криминалците ги грабнуваат девојките и жените и им ги отсекуваат репчињата. Потоа, косата ја продаваат во салони за убавина каде што цената на природна коса за надградба се продава за повеќе од 500 американски долари.
Некои фризери и стилисти признале дека откако се зголемил бројот на инциденти, им пораснала продажбата на вештачка коса за 30 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


