
Француска контраразузнавачка служба ги обучувала Хашим Тачи и неговите соработници во УЧК пред бомбардирањето на Србија во 1999 година. Раководството на француската војска за ова немало поим, тврди францускиот истражувачки новинар Пјер Пен.
– Контраразузнавачката служба, која дејствува надвор од границите на Франција, обучувала припадници на УЧК, но воената разузнавачка служба била просрпски ориентирана – вели Пен додавајќи дека службата била задолжена за Тачи и работела на негова обука.
Во исто време во Генералштабот на војската, која не е на таа линија, премолчено ги чува просрпските линии кои не сака директно да ги покажува, но тоа ќе се види во стриктното придржување на Кумановскиот договор и неутралната примена на Резолуцијата 1244, наведува Пен во неговата книга „Косово – праведна војна за мафијашка држава“ во која открива дека Французите и Британците за малку ќе пукале едни во други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


