
Најверојатно во Сирија има околу тристотини Албанци, од кои најголемиот дел, дури 70 проценти, се од Скопје, од општина Чаир, од Бутел, улица Дижонска и Серава, пишува „Дневник“ во утрешниот број.
Имер Ниметула е трет Албанец од Македонија што загина во Сирија. Пред десетина дена таму животот го изгуби и Сами Абдулаху, кој потекнува од скопска Гази Баба, а пред него и Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта.
Сите тројца кон радикалните исламски групации во Сирија се приклучиле од странство. Абдулаху и Ниметула заминаа од Бремен и од Берлин во Германија, а Зеќири од Австрија. Познато дека биле активно вклучени во тамошните исламски центри.
Но, сè уште не се знае на какви влијанија биле изложени за со текот на времето да го сменат практикувањето на традиционалниот ислам својствен за Албанците во Македонија.
Во западноевропските земји дејствуваат седумдесетина исламски центри зад кои стои македонската Исламска верска заедница, која таму праќа свои верски службеници-имами за да им држат верски обреди на верниците.
Во инцидентот во кој загина Ниметула бил ранет и неговиот 18-годишниот син, кој заедно со него заминал за Сирија пред само две-три недели. Интересно е дека Имер бил женет со Kинеска, која потоа го примила исламот. Неа многупати ја гледале во селото, на себе најчесто носела шамија како исламско обележје, но не и друга традиционална женска исламска облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Беса Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


