| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија се полни со ѓубре

gubre

Со порастот на благосостојбата во Албанија сѐ повеќе ѓубре се фрла насекаде, дивите депонии се честа појава, а заштитниците на животната средина бараат од властите решавање на таквиот проблем, објави радио „Дојче веле“.
Смет и диви депонии има насекаде и во предградијата на Тирана, на Драч и на Скадар.
„Дојче веле“ како пример го наведува пристанишниот град Драч, каде што воопшто нема официјална депонија, па сметот од градот со над 200.000 жители завршува во полињата околу градот.
Лавдош Феруни е еден од ретките во Албанија кој се бори за зачувување на природата. Тој подолг период се жали поради дивите депонии, но речиси никој не обрнува внимание на неговите апели.
– Во последните 23 години ескалира потрошувачката во Албанија. Инфраструктурата не го следеше таквиот тренд, така што во Албанија се создава многу повеќе смет отколку што сме во состојба да го преработиме – посочи Феруни за „Дојче веле“.
Во цела држава постојат само две депонии со стандарди на Европската унија, една во Тирана и една во Бушат, во северниот дел на земјата.
Заменик-министерот за заштита на животната средина, Таулант Бино, тврди дека еколозите претеруваат со обвиненијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top