
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од ноќеска на полноќ да поевтинат бензините за 1,5 денари, а дизелот за половина денар.
Според одлуката на регулаторна, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 81 денар, еуросупер БС-98 за 82,50, а еуродизел (Д-Е V) за 69,50 денари. За половина денар се намалува и цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе чини 58 денари.
Одлуката за намалување на цената на нафтените деривати е донесена врз основа на просечната цена на нафтата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


