На конференцијата за новинари во Белата куќа, Обама изјави дека американските спортисти напорно тренирале и не би било фер да им се оневозможи да се натпреваруваат на Игрите закажани за февруари идната година.
– Никој не е навреден повеќе од мене од новиот закон во Русија, кој е наменет за пресметување со активистите за правата на хомосексуалците – вели Обама.
Од друга страна, руските официјални лица нагласуваат дека законот ќе биде во сила во текот на Игрите. Поради тоа, во САД и во неколку други земји имаше барања за бојкот на престижниот настан.
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог, пред некој ден соопшти дека неговата организација ќе го почека објаснувањето на владата во Русија во врска со новите прописи.
Законот, кој во јуни го потпиша претседателот на Русија, Владимир Путин, забранува пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, а за учесниците и за организаторите на геј-паради предвидува парични казни и депортирање доколку се странци.
Овој закон предизвика остри меѓународни реакции, а бројни организации и поединци повикаа на бојкот на Олимписките игри, кои од 7 до 23 февруари ќе се одржат во прекрасниот руски град на црноморското крајбрежје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



