| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелината- глобален проблем!

Дебелината се претвори во глобална пандемија, која бара конкретни и итни мерки. За тоа алармираа во Давос диетолозите и здравствените експерти

svetyt-zatlystqva-124485Диетолозите и здравстевните експерти предупредија од Давос дека дебелината се претвора во глобална пандемија, која бара конкретни и итни мерки.

Според нив, за борбата против килограмите во светски рамки е потребна истата одлучност како при борбата против пушењето. Ова е заклучокот од тркалезната маса која се одржа во Давос, каде што ден претходно заврши Светскиот економски форум.

Прекумерната тежина и дебелината се петтиот ризичен фактор за смртност во светот. Секоја година заради нив умираат над 2,8 милиони луѓе. Од 1980 година, бројот на луѓето со дебелина двојно се зголемил. Од него веќе се погодени 1,4 милијарда луѓе на возраст над 20 години, посочија експертите.

– Ако дебелеењето продолжи со ова темпо, по 20 години од 50 до 60% од светското население може да е со прекумерна тежина. Ако дебелината беше заразна болест, ќе се зборува за пандемија- предупреди Линда Фрајд од Колумбија.

Дебелината и прекумерната тежина се проблем на развиените држави, но веќе ни земјите со средни или ниски приходи, не се имуни, особено градовите. Затоа експертите ги повикаа политичарите да го променат својот став, особено оние кои одделуваат субвенции за производство на пченкарен сируп – главна состојка во пакуваната храна и „фаст фудот“ во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top