Социјалната мрежа „Фејсбук“ во иднина ќе прикажува статуси во зависност од тоа колку корисникот комуницира со авторот на објавата, дали истата е „лајкувана“ и коментирана и според тоа колку од вашите пријатели посветиле внимание на тој статус.
Тоа значи дека на вашиот ѕид често ќе излегуваат стари статуси на вашите пријатели.
Најпопуларната друштвена мрежа внесе нов алгоритам за подредување на статусите. Според него, на почетокот на страната ќе се најдат и стари статуси доколку истите и понатаму добиваат многу лајкови или коментари. Од „Фејсбук“ велат дека ќе ги следат реакциите на корисниците и според нив ќе ги уредуваат промените на ѕидовите, пренесуваат светските агенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.