| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Спасувачка мисија во Австралија

Спасувачка мисија на дете и две жени заглавени во поплавената Австралија. Спасувачите на шлемовите се опремени и со камери, како доказ дека правилно постапиле во случај на несреќа.

Детенце и две жени се извлечени со хеликоптер откако камионетот им се заглави во надојдените поплави во градчето Бандаберг, во австралиската држава Квинсленд. Одделен случај е спасувањето во заливот Херви, заглавен под одводот. Австралиските медиуми објавуваат снимки од спасувачки мисии.

За сега се известува за еден загинат и двајца исчезнати во поплави што ја погодија североисточна Австралија, соопштија официјални лица. Околу илјада луѓе се евакуирани од погодените области. Поплавите се случија по вчерашното торнадо во државата Квинсленд. Премиерот на таа држава изјави дека торнадото предивикало огромна штета во околина на градот Бундаберг, на околу 300 км. северно од Бризбејн. Во почетокот на 2011 година, Квинселнд го погодија катастрофални поплави во кои загинаа повеќе од 30 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top