Два автобуси со околу стотина навивачи на МЗТ Скопје денеска не успеаја да стигнат до крајната десетинација – Белград и средбата на нивните миленици со Црвена звезда откако српската полиција ги пресретнала кај Врање и им наредила да се врати назад во Скопје, објавува попладнeво порталот MKD.MK
Официјална причина за ваквата постапка на припадниците на српското МВР е немањето влезни билети за вечерашната средба во салата „Пионир“. Поради тоа, на автобусите со припадниците на „Фемили“ не им било дозволено да продолжат кон српската престолнина туку истите со полициска придружба биле вратени кон Табановце
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


