Москва и Техеран ќе потпишат договор за изградба на нова нуклеарна централа во Иран – објави информативната агенција МЕХР. Агенцијата се повикува на министерот за надворешни работи на Иран, Али Акбар Салехи, тврдејќи дека ваквиот договор ќе биде потпишан наскоро.
Според иранското МНР ждвете држави веќе одржале консултации, на кои било решено наскоро да се потпише договор за „разбирање околу изградбата на нова нуклеарна станица“. Салехи истакнал дека нуклеарната енергија му е потребна на Иран за обезбедување на потребите на земјата, а исто така и за медицински потреби.
Претходно новиот претседател на Иран, Хасан Рухани за време на својата инаугурација изјави дека државата ќе ги продолжи преговорите со Русија околу развојот на нуклеарната енергија во државата. Тој посочи дека Иран треба да добие 20.000 мегават часови нуклеарна енергија, поради што Техеран ќе изгради нови нуклеарни централи во соработката со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.