| четврток, 6 декември 2018 |

Гечевски: Не тврдам, но можно е да се вратам во репрезентација

Georgia vs FYROMДенешниот ден тешко дека некогаш ќе го заборавам. Телефонот не престана да ми звони, имав повеќе од сто повици, и сите до еден беа поврзани со апелот што до мене го упатија кошаркарските репрезентативци. Тешко е човек да остане имун на еден таков гест и да се остане на одлуката за пензија, особено што доаѓа од мои пријатели со кои со години сум делел добро и лошо. Поради тоа, се договорив во текот на утрешниот ден да имам состанок со директорот на репрезентација Илија Мерџановски и, најверојатно, со селекторот, на кој ќе ја разгледаме ситуацијата и евентуалната можност да се приклучам на репрезентативците кои веќе тренираат. Не можам сега со сигурност да кажам дека сигурно ќе играм, но сега сите опции се отворени“, изјави Гечевски за МКД.

Денеска молбите за враќање на Гечевски во репрезентација ги почнаа неговите колеги Перо Антиќ, Владо Илиевски и Бо Меккејлеб, со фотографија на која го молат да се придружи. Следуваше СМС од Антиќ, која тој јавно ја објави. „Република“ се вклучи во кампањата за враќање на Гечевски во националниот дрес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top