| четврток, 6 декември 2018 |

Србија стравува од сериски убиец: Пензионер убиен и фрлен во септичка јама

seriski ubiec srbijaТелото на седумдесет и пет годишен старец од Бач било пронајдено под бетонска плоча од септичка јама. Полицијата го пронашла текото на Имре Пала во неговиот двор на улица Иво Лола Рибар во Бач. Како што пренесуваат српските медиуми, Имре бил ѕверски мачен пред смртта.

-Имре е убиен со куршуми од огнено оружје. После тоа негоото тело е фрлено во септичка јама. Пред да го фрли во јама монструмот  го врзал со жица, а на нозете му закачил тегови за телото да потоне. За да го извлечеме од дното, пожарникарите прво мораа да ја празнат септичката јама – вели извор на српски Курир.

Имре работел во Германија, а за време на летото доаѓал во родниот крај.

На ист начин пред десетина месеци е убиена и 70 годишната Гертруда Давиќ. И таа, како и Пала била „девизен“ пензионер. Извор на Курир вели дека и таа била врзувана и мачена, слично како и Пала. Нејзиниот убиец се уште не е уапсен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top