| четврток, 6 декември 2018 |

Почна Струмица опен фестивал 2013

festival strumica

Над 600 играорци од 15 културно-уметнички друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Бугарија, синоќа во Струмица заеднички го одиграа најголемото оро „Македонско девојче“, со што го означија почетокот на вториот по ред „Струмица опен фестивал 2013“.

Над 600 играорци од 15 културно-уметнички друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Бугарија, синоќа во Струмица заеднички го одиграа најголемото оро „Македонско девојче“, со што го означија почетокот на вториот по ред „Струмица опен фестивал 2013“.
Добредојде на гостите и многу забава на струмичани во текот на наредните десет дена им посака градоначалникот Зоран Заев.
– Целосното организирање на манифестацијата го направија најмладите активисти од Младинскиот Совет. Имаме гости од многу краишта на Балканот. Го видовме големото балканско оро, на коешто учествуваа во народна носија, повеќе од 500 гости и уште толку граѓани се придружија на него. На сите гости им посакувам добредојде и убав престој. Тие се првата најава на највеселите десет денови со кои почнува „Струмица Опен фестивал“. Ве поканувам масовно да го посетуваме струмичкиот плоштад, малиот парк, градскиот парк, со сите манифестации во наредните десет дена, рече Заев на отворањето на фестивалот.
Наредните денови се резервирани за повеќе културни настани, како што се поетски читања, во паркот, вечер на Меѓународната струмичка ликовна колонија, Трка на келнери, ликовно цртање на плоштадот на кој се очекува локалниот ликовен работник Витомир Тошев, во природна големина да ги наслика Влатко Илиевски и Горан Пандев и други настани.
Финалните вечери од „Опен фестивалот“ ќе бидат одбележани со настапот на Северина, Жељко Јоксимовиќ, Бора Чорба, Супер Хикс, Кирил Џајковски и други естрадни уметници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top