Романските власти во септември ќе ја отворат за посетители реставрираната воена база во која романскиот диктатор Николае Чаушеску заедно со сопругата Елена, беа стрелани во 1989 година.
На ваков чекор се одлучиле поради големото интересирање на странските туристи, кои сакаат да го видат местото на кое се ликвидирани романскиот диктатор со сопругата.
По толку години, посетителите ќе можат да го видат ѕидот пред кој е стрелан парот Чаушеску.
Внатрешноста на зградата е бојадисан со истата боја како во 1989 година, а поставен е и истиот мебел. Обновена е и салата во која е извршено судењето и спалната соба во која брачниот пар ја поминале последната ноќ.
На 22 декември 1989 година илјадници Романци се собраа пред седиштето на комунистичката партија во Букурешт, а Чаушеску по зголемувањето на тензиите со хеликоптер го напушти Букурешт. По тридневно судење пред специјалниот воен суд, брачниот пар Чаушеску беше осуден на смрт со стрелање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


