| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Безбедноста состојба во земјата е стабилна

Управата за безбедност и контраразузнавање и безбедносните служби на РМ се во извонредна кондиција и одлично ја извршуваат својата работа, ги следат сите состојби и појави во земјата, регионот и пошироко – изјави денеска
министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Во овој момент можам само да повторам, односно да потврдам дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна, а службите надлежни за државната безбедност ја работат својата работа – подвлече Јанкулоска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Охридската капетанија, додавајќи дека МВР постапува внимателно, води сметка за безбедноста на територијата на целата држава и во оваа насока, за евентуалните ризици и предизвици, благовремено ги инфирмира граѓаните.

Во врска со одбележувањето на граничната линија на Охридското Езеро, министерката информира дека тоа е во примарна надлежност на МНР, но во тимот партиципира и МВР.

– Ние секогаш сме во редот на оние иницијатори и промотори на потребата од јасно дефинирање на граничната линија, бидејќи тоа не само што помага во нашата примарна работа, надзор на државната граница, туку помага и во делот на дефинирање на територијата на случување одредени кривични дела или прекршоци оттаму што кога границата не е јасно одбеклежана понекогаш се соочуваме и со проблем, бидејќи лицето кое прави прекршок тврди дека се наоѓа на онаа страна на која смета дека повеќе му одговара.

Во таа насока, ќе продолжиме со, ако може така да се каже, нашиот притисок овој процес да се заврши што е можно поскоро, истакна министерката Јанкулоска.

Фото: Инпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top