Околу пладне разбојниците се вратија, го фатија Касим и безмилосно го убија. Му го исекоа телото на парчиња за да ги заплашуваат натрапниците – ова не сцена од хорор фил туку приказна за деца… Приказна од оние убави шарени сликовници кои им ги читате на децата за добар сон.
Детската сликовница „Али баба и 40 разбојници“ навистина е прилагодена за возраста на децата… Но само ако сакаме да ги преплашиме децата пред спиење или да им укажеме што е тоа убиство, масакр, бодење со нож, полевање со зориено масло на живи луѓе…
Откако братот на Али Баба го убиле, Али Баба отишол во пештерата „и го ставил мртвото тело во вреќа и тргнал дома“. Другите не смееле да знаат што му се случило на Касим, па робинката Маргина му дала златна паричка на кројачот „и му кажала да ги сошие парчињата од телото на Касим“.
Капетанот отишол во куќата на Али Баба да преспие и го замолил во дворот да ги остави своите ќупови со масло. Но, во ќуповите се криеле четириестте разбојници. Кога Маргина забележала „брзо се вратила во кујната и зела еден котел. Го наполнила со масло и го зоврела. Потоа се вратила и во секој ќуп стаила по малку од зовриеното масло, колку да ги задуши разбојниците“…
На крајот од приказната робинката Маргина танцувала пред Али Баба и капетанот и „одеднаш го убила капетанот на разбојниците, за да го спаси Али Баба“. И сето тоа е убаво, сликовито прикажано со интересна детска илустрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст