Извесна Црногорка наречена Манда Поповиќ, била љубоморна на Николиќ и ја обвинила за флертување со нејзиното момче, албанскиот бизнисмен Чазим Османи, кој пак е бивш љубовник и на друга српска пејачка – Наташа Беквалац.

Манда Поповиќ

Чазим Османи
Е сега, љубоморната Манда, со уште една пријателка, влегла во собата на Ана во хотелот „Маестрал“ во Будва, каде таа е на одмор. Ана во обид да ја избрка од собата Манда, се здобила со гребаници и одведена е во болница.
Втора верзија за причината за тепачката е тоа што Николиќ претходно ја имитирала Поповиќ во Стариот град во Будва.
-Такво нарушување на мирот и приватноста веднаш ги пријавив во полиција, бидејќи не дозволувам било кој да ме вознемирува. Ќе ги тужам сите актери во оваа приказна, вклучувајќи го и хотелот „Маестрал“, вели Николиќ во изјава за српските медиуми.
Инаку ова не е прв пат Манда Поповиќ да истепа девојка поради Чазим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


