По посетата на Србија, Моника Беличи се здебелила и веднаш по враќањето во Милано го посетила својот нутриционист, пишуваат италијанските медиуми.
Прекрасната италијанска актерка беше гостинка во Србија на филмскиот фестивал „Кустендорф“ на познатиот режисер Емир Кустурица и таму ги проба сите можни специјалитети. Беше фантастично примена и послужена со сите српски традиционални специјалитети на кои не можеше да им оддолее.
Актерката инкогнито, во црно палто со очила оди кај Никола Сорентино, нејзиниот долгогодишен советник, кој и припишува најдобри диети. Благодарејќи на нив, актерката успева да си ја задржи линијата и препознатливите облини.
Таа сака да биде подготвена за претстојниот период – во мај повторно се враќа во Србија, кога го почнува снимањето на новиот филм на Кустурица „Љубов и војна“ каде што ја има главната улога.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


