| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Ванчо Таковски

Vanco Takovski-Bate Vane pretsedatel na FK Belasica (Strumica)(1)

Денеска во попладневните часови, по кратко боледување, почина фудбалскиот работник Ванчо Таковски (1956-2013), јави Екипа.мк. Тој беше поранешен претседател на ФК Беласица ГЦ и поранешен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.

Во периодот додека тој беше претседател на тогашниот струмички прволигаш, излезе и златната генерација предводена од Горан Пандев, Ацо Стојков, Зоран Балдовалиев, Дени Масев, која учествуваше на турнирот во „Вијареџо“, каде потоа беа забележани Пандев и Стојков и направија трансфер во италијанскиот Интер.
Погребот на Ванчо Таковски ќе се изврши во недела, во 13 часот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top