Меѓу последните кој се одлучи за нов клуб е искусниот плејмејкер Мо Вилијамс, кој по сезоната мината во редовите на Јута „Џез“, реши да го засили составот на Портланд „Трејлблејзерс“.
30-годишниот организатор на играта ставил потпис на договор според кој ќе остане две сезони во НБА екипата од сојузната американска држава Орегон.
Вилијамс претходно планираше да остане во таборот на „Џезерите“ меѓутоа неговите сега веќе поранешни работодавци немаа разбирање за барањата кои ги имаше и не му понудија повносен договор.
Од друга страна, зачудува и потегот на „Блејзерите“ да ангажираат уште еден играч во ротацијата на местото плејмејкер, бидејќи покрај Вилијамс имаат други шестмина кошаркари со слични карактеристики, предводени од Демиен Лилард.
Вилијамс минатат сезона во просек бележеше по 13 поени и по шест астстенции на натпревар, пред повредата која што потоа му го расипа ефектот во натпреварувачката кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проблеми за Обрадовиќ, Екпе Удох си заминува од Фенербахче
-
Голден стејт на чекор пред второто коло од плејофот, Мемфис израмни против Сан Антонио (видео)
-
Демиан Лилард со 59 поени го носи Портланд на чекор до плејофот, Дурант се врати со дабл-дабл (видео)
-
Нуркиќ го води Портланд до плејофот, Голден Стејт влегува во шампионски ритам (видео)


