| четврток, 6 декември 2018 |

Наезда од ноќни пеперуги во Скопје

Скопјани се жалат од наезда од ноќни пеперуги во градот. Велат досега во градов немало толку пеперуги, кои ги има преку ден. Ги има надвор, влегуваат дома, а инсектицидите не помагаат.

– Никогаш досега не сме имале проблем со молци или пеперуги. Наеднаш во соби каде што нема отворен прозорец врие од пеперуги закачени на завеса, по плакари. Не помагаат ни електронски инсектицид,  од кој бегаат сите други инсекти – вели скопјанката Марина С., која живее во Центар.

peperutka1

На исти проблем се пожали и Анета В., која вели дека за време на појадокот во млечен ресторан во центарот на градот пеперуги застанувале на јадењето.

– Ги има и на плоштад, премногу. Досега не сме имале ваков проблем – коментира таа.

Жителите се жалат дека пеперугите ги напаѓаат и растенијата во домовите. Оставаат ларви, ги оштетуваат листовите на растенијата, по што тие се сушат.

– Отидов на планина неколку дена. Кога се вратив, билките што ги имав засадено во саксии ги најдов подзасушени и со изедени ливчиња. Пеперуги летнаа од нив. Ги има по цел стан, особено во бањата – вели Катерина М.

Фото: (Република)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top