| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Пронајден крст по три децении

Крстот фрлен во реката Пена во далечната 1941 година, за големиот христијански празник Водици, бил пронајден деновиве

 

rekapenaКрстот кој за последен пат на празникот Водици во 1941 година беше фрлен во водите на река Пена а потоа изгубен, е во домот на семејството Јовановски, информира телевизијата „Телма“. Ова тетовско семејство крстот го пронашле после три децении, кога нарачале песок од реката за реновирање на својот дом. Но тајната за “­ Загубениот крст” Јовановски ја чувале до пред неколку дена, откако започна иницијативата повторно по повеќе од 70 години крстот на Богојавление да се фрла во Пена.

Со враќањето на крстот токму во православно семејство, можеби ќе се врати и изгубената надеж за подобро Тетово вели Гавроски.

Од тетовското архирејско намесништво, велат дека пронајдениот крст е мотив повеќе повторно да се воспостави традицијата на празникот Водици да се фрла крстот во водите на Пена , доколку надлежните реката ја исчистат од разните отпадоци кои секојдневно се натрупуваат во неа.

Крстот е сребрен со варено дрво во средина. Металниот дел е со висина од околу 18 и широчина од 9 сантиметри. Отако е пронајден, крстот стои како најголема реликвија во домот на  тетовското семејство Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top