| четврток, 6 декември 2018 |

Куновска: Да го вратиме Карпош на Скопје

„Да го вратиме Карпош во Скопје“ е слоганот со кој ќе настапи кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош Јагнула Куновска, за претстојните локални избори

jagnulaНа денешната промоција Куновска истакна на Карпош му е потребен човек зад кој стои принципот „ветено- сторено“ на ВМРО-ДПМНЕ.

-Давам завет дека Карпош може многу повеќе и многу подобро, од влајковизијата која со години го затвара видикот на човековиот поглед. Мојата визија за општината не е во просечното, време е да избегаме од просечното и летаргичното, време е за промени.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош потенцираше на Карпош му се потребни нови идеи, нови дела и економска визија.

-Барам подршка за која повеќекратно ќе вратам, нагласи Куновска.

Низ многубројната публика можеа да се забележат и познати лица како актерот Тони Михајловски и пејачот Наум Петрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top