Американскиот претседател Барак Обама, по средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас, рече дека Грција може да одигра важна улога за стабилизирање на балканскиот регион и повика на решавање на регионалните спорови – јави дописникот на МИА од Вашингтон.
– Имавме можност да разговараме за општата ситуација околу Средоземјето и Балканот. Како штокажа премиерот, овој регион е полн со предизвици и Грција може да игра важна стабилизирачка и партнерска улога, додека ги решаваме прашања на Блискиот Исток, во Северна Африка, додека ги решаваме прашањата на Балканот – изјави Обама. Американскиот претседател во своите забелешки го посочи примерот на Кипар, каде што очекува решавање на повеќедеценискиот спор и на тензиите.
Од своја страна, Самарас изјави дека Грција ќе се обиде да ги решава проблемите во регионот, со почитување на меѓународното право.
– Се обидуваме да направиме сѐ што можеме за да ја стабилизираме многу нестабилната ситуација во која живееме. Верувам дека регионот има многу проблеми. Ние се обидуваме да решиме колку што можеме повеќе од нив, да воспоставиме соработка во областите што се посочени, секогаш како поборник на меѓународното право секаде каде што се посочени проблемите – изјави Самарас.
Грчкиот премиер повторно се повика на меѓународното право и одлуките на Обединетите нации зборувајќи за прашањето на Кипар, каде што се обиде да ги претстави кипарските Грци како конструктивна страна во спорот.
Изјавата на Обама за Балканот се негира со најавите на грчките медиуми, информирани од Самарас и од грчката делегација во Вашингтон, дека балканските прашања нема да бидат отворени на највисоко ниво и дека во Белата куќа ќе се разговара само за грчките економски прашања и за очекувањата за развој на гасните резерви. Грчкиот премиер, пред американскиот претседател, се обврза дека првите шест месеци на 2014 година, во текот на кои Грција ќе претседава со Европската унија, ќе ги искористи за да работи за склучување на планираниот договор за слободна трговија меѓу САД и Европската унија, спасоносното решение од кое Вашингтон и Брисел очекуваат излез од економската криза. Но, во своето интервју за грчкиот весник „Катимерини“, дадено токму во пресрет на средбата на Обама и на Самарас, американскиот потпретседател Џо Бајден оценува дека грчкото претседателство со ЕУ ќе треба да се искористи и за други прашања, како што е промовирањето на пошироката визија за Европа, обединета и слободна.
Претседателот Обама пред медиумите изрази поддршка за Грција за тешките реформи што ги врши и ја понуди американската солидарност. Самарас се надева на оваа поддршка во неговите обиди да издејствува поповолни услови од Германија и од другите европски доверители, кои придонесуваат кон санирање на огромниот грчки долг.
Обама не дозволи дополнителни прашања на прес-конференцијата на која беа присутни медиумите по избор на Белата куќа и медиумите по избор на грчката амбасада. На претходната средба, во Стејт департментот, Самарас се сретна со државниот секретар Џон Кери, кој, исто така, преку портпаролката Џен Псаки изрази поддршка за неопходните економски реформи, кои ги спроведува Грција.
По средбата со Обама, Самарас замина за Њујорк, каде што денес треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Предвидено е на оваа средба да присуствува и посредникот во разговорите за спорот за името на Македонија, амбасадорот Метју Нимиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа


