Никола Груевски, премиерот на Република Македонија им го честиташе големиот српски празник Свети Сава на Србите во земјава.
„Историјата на Балканот сведочи за плејада на свети личности, мислители и дејци кои преку својата неуморна просветителска и црковна дејност и своето творештво оставиле силни универзални вредности на балканските народи. Споменот за овие свети личности останал со векови да биде почитувам и празнувам од страна на народите, а Свети Сава отсекогаш бил симбол на идентификација и почит на српскиот народ насекаде во светот и во Македонија“ се вели во честитката на Груевски.
Големиот српски празник денеска на припадниците на српската заедница во земјава им го честита и претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии