| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимус ја хакнаа американска влада

Во знак на протест поради смртта на информатичкиот гениј Арон Шварц групата хакери Анонимус, го нападна сајтот на американската влада и се закани дека ќе објави голем број документи и „клучеви“ за нивно дешифрирање.

Групата „информатички пирати“, Анонимус, ја нападнаа веб-страницата на Секретаријатот за пресуди на Владата на САД за да ја одмаздат смртта на информатичкиот гениј и заговорник на слободната употреба на Интернет, кој се самоуби во средината на јануари.

Анонимус се закани дека ќе ги објави клучевите за дешифрирање на датотеките, што може да им предизвика проблеми на судиите и на другите вработени во федералните институции, истакнувајќи дека нападот е во знак на протест поради неправедниот третман на Министерството за правда кон Шварц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top