Навивачката група на Работнички, „Сити парк бојс“ преку соопштение до јавноста ја изразија својата загриженост поради пасивноста во функционирањето на клубот летово.
Соопштението ви го пренесуваме интегрално:
СЕКОЈ ДЕН ЗА НАС Е НОВА БОРБА СЕКОГАШ ЗЛА НИКОГАШ ДОБРА зборовите од оваа наша парола најубаво ќе ги објаснат работите и настаните за кои ќе прочитате во следниот текст од кој на многумина нема да им биде добро, ќе добијат забрзано срцебиење, чувство на гадење и сето она што може да го донесе еден текст во кој главниот јунак (во случајов РАБОТНИЧКИ) ќе го доживее својот трагичен крај. Никогаш не бегавме од невољите и црната судбина со која се соочуваше РАБОТНИЧКИ и подеднакво ја делевме со него, секогаш останувајќи до самиот крај бидејќи за нас животот нема друго име освен РАБОТНИЧКИ!!!
Како времето изминува станува јасна сликата дека клубот со кој пораснавме сите ние се соочува со најтешкиот период во своето постоење. Од ден во ден на површина испливуваат многу работи кои воопшто не се добри и секоја е се полоша од онаа предходната. Реалноста е ЦРНА тоа е она на што сите ние треба да бидеме спремни, бидејќи сите приказни кои ги слушавме во изминатава година паднаа во вода и потонаа на дното а од него испливуваат само лоши работи. Беа дадени премногу шанси на сите да стават крај на голготата со која се соочува нашиот РАБОТНИЧКИ ама таа никако да заврши и секојдневно само се продлабочува.
Од војната која се водеше и се уште се води меѓу овие и оние во ГРАДСКИОТ ПАРК, единствена жртва е РАБОТНИЧКИ кој буквално е фатен во средина на нечива туѓа борба и колатерална штета е тој и никој друг. Едноставно не сакаат да се свестат ни едните ни другите дека ќе биде доцна да се направи нешто кога ќе заврши нивната војна во клубот. Но, пред фактите и боговите молчат а тие се следните:
Клубот е препуштен сам на себе буквално, оставен во долгови кои од ден на ден се се поголеми и никој не знае колкава е нивната вредност, клубот нема стручен штаб и управа, клубот нема играчки кадар,но трагедијата да е уште поголема КК РАБОТНИЧКИ повеќе нема САЛА , салата ГРАДСКИ ПАРК од годинава преминува во сопственост на ГРАД СКОПЈЕ а НИЕ и РАБОТНИЧКИ ќе бидеме гости во сопствениот дом, буквално сме исфрлени на улица.Не се срамиме да кажеме дека ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО и тоа е непобитен факт и сурова реалност!!!
Ништо од ова не е битно за нив бидејќи и за едните и за другите се побитни дневните подметување и сопки кои секојдневно си ги поставуваат и баш им е гајле за тоа кој ќе настрада, ќе се сетат само кога ќе дојдат избори и тогаш ќе им биде полна устата со РАБОТНИЧКИ и колку ќе направеле и едните и другите за него ама тоа трае само додека треба да се соберат гласовите за победа после ПУ ПУ НИШТО НЕ ВАЖИ!!!
Почетокот на крајот започна точно пред една година кога клубот се транфсормираше, КК РАБОТНИЧКИ стана АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО РАБОТНИЧКИ – ГРАДСКИ ПАРК директно под капата на ОПШТИНА ЦЕНТАР . Тоа значеше само едно директен влез на политиката во клубот и прашање на време беше кога ќе почнат првите проблеми од политичките игри, бидејќи политиката никогаш не носи ништо добро кога ќе се вгнезди онаму каде што не и е местото, бидејќи самата по себе ги носи неспособните партиски кадри за кои нема простор на друго место .
Како контролори се поставени проверени и докажани уништувачи кои уживаат во својата улога и во делата кои на крајот нивните пулени ги оставаат, што по традицја значи ПУСТОШ и РУШЕВИНИ.
Едните ќе си заминат, а по нив ќе дојдат други кои ќе го доуништат она што останало од претходните и така се во КРУГ до БЕСКОНЕЧНОСТ!!!
Дојдоа некои нови луѓе кои со себе донесоа приказна дека конечно РАБОТНИЧКИ се враќа на старите шампионски патеки и дека сите невољи остануваат во некое минато свршено време и тие мрачни времиња ке бидат фрлени во заборав . Само одвреме навреме ќе служат како потсетник за тоа како било и како е сега. Се тргнува од НУЛА се тргнува од ПОЧЕТОК како што доликува на НОВА УПРАВА составена од “ЕКСПЕРТИ” во своите професии, засилена со луѓе во сенка кои ќе ги влечат конците само тогаш кога овие првиве ќе се најдат пред некое нерешливо прашање или ако премногу паметуваат. Продадените шарени илузии само го напумпаа празниот балон кој од ден на ден беше се поголем беше јасно дека тешко ќе издржи а да не пукне. Како поминуваше времето НОВАТА УПРАВА почна да влече премногу нелогични потези и полека но сигурно да го покажува своето вистинско лице кое го одсликуваат неспособност и незнаење. Така наместо да донесат новини и успех или како милуваа да кажат ГО ВРАЌАМЕ РАБОТНИЧКИ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ го вратија светлосни години наназад и секој нивен иден потег се повеќе го влечеше клубот во бездната во која од ден на ден се повеќе и повеќе пропаѓаше. Целата инсталирана номенклатура одеднаш почна да се распаѓа и никој повеќе неможеше да спречи од истата да останат само секундарни сировини односно отпаден материјал. Тогаш настапува периодот исполнет со параноја,паника,излуденост. Зошто и како ПРОЕКТОТ кој беше толку фален и диган до небо од еднаш доживеа тотален дебакл??? Како ли сега експертите ќе се оправдаат кај луѓето од сенка за ХАВАРИЈАТА која им се случи и од која нема бегање. Решението го гледаат во тоа дека ќе мора да се најде дежурен виновник.
Дежурниот виновник пробуваат да го лоцираат во онаа група на тврдокорни луѓе кај кои никогаш не им поминаа шарените илузии и пробните балон приказни. Иако од оваа група, која можеби на моменти делуваше и премногу милитантно за обичните, им беше дадена шанса истата ја прокоцкаа првиот момент кога ја добија, а тоа никогаш не им беше простено.
Се што има почеток мора да има и свој крај а крајот е тој што ја дава реалната слика и единствениот суд за секој почеток. Од СПАСИТЕЛИ преминаа во ЛУЃЕ во ЦРНО (погребници) тоа беше на крајот реалната слика и единствениот суд за овие луѓе кои пред една година го започнаа УНИШТУВАЊЕТО на РАБОТНИЧКИ. Но, тие својата задача ја извршија беспрекорно, ДЕЛАТА од нивното владеење и раководење со РАБОТНИЧКИ денес се отсликани преку следниве непобитни факти:
– РАБОТНИЧКИ остана без својот храм ГРАДСКИ ПАРК кој сега има нов сопственик, го направија клубот БЕЗДОМНИК!
– Никој не знае колку се големи долговите на клубот кон надворешните соработници и фирми, состојбата која се преставува е далеку од онаа реалната.
– Неподмирени долгови кон ИГРАЧИТЕ, СТРУЧНИОТ ШТАБ, АДМИНИСТРАЦИЈАТА (никој не знае која е таа), но да е трагедијата поголема господата пред својот пад потпишувале договори во стилот на НБА ТИМОВИТЕ.
Мала ретроспектива на сето она што се случуваше во изминатава сезона 2012/13 без никаква зла намера но се со една цел да потсетиме на суровата реалност со која се соочуваме сите ние а во која главната улога ја одиграа гореспоменатите “СПАСИТЕЛИ”.
Настапува период кога доаѓаат некои нови СПАСИТЕЛИ кои небаре се КРСТОНОСЦИ кои се тргнати во ослободување на светиот град заземен од предходниве(луѓето на кои им го посветивме горниот дел од текстот).Почнуваат подготовки и се спремаат планови како побрзо да се врати РАБОТНИЧКИ на ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ. Се формираат некакви си групи,секоја од нив има доверено стриктна задача и мора да ја исполни. Се е ДЕЖАВУ, сеуште не започнале со реализирање на задачите, а се испозаклаа меѓу себе кој која раководна функција ќе ја добие, одкога се ќе биде готово.
Времето е немилосрдно и тоа си тече, никого не чека и само ги дава одговорите кои однапред се знаеа. ЛУЃЕТО на кои им се доверени овие задачи се една ОБИЧНА БАНДА на ПАРАЗИТИ која нема да мрдне со прст во реализација на истите, туку ќе гледа кој повеќе да зграби за себе, и кој подобро ќе ја продаде празната приказна дека се трудат со сите сили да ги реализираат предвидените задачи. Како и погореспоменатите така и овие не трујат со приказни кои ги снемува во времето и се повеќе е јасно дека НЕ МРДНАЛЕ СО ПРСТ, бидејќи до сега ако навистина толку работеле, како што лаат по скопските кафани и кафичи ќе се почуствуваше некое помрднување од мртва точка и одамна ќе се знаеше дека РАБОТНИЧКИ е бездомник со долгови до гуша и дека како што можат да видат сите му НЕМА СПАС. Просторот за маневар од ден на ден е се помал, а по испливувањето на површина на одредени факти тој повеќе и не постои, прашање на време е кога ќе застанете пред СТРЕЛАЧКИОТ ВОД бидејќи тој ќе ја рефлектира вашата сурова реалност со која не сакате во овој момент да се соочите, но колку побрзо се соочите полесно ќе ви биде да им погледнете во очи на сите оние кои сега ги лажете. Доста се криете и продававте приказни за тоа како вашите претходници си играат со вас и како тие ве опструираат да не го реализирате тоа што сте зацртале предходно. МАСКИТЕ ПАДНАА И НА ВИДЕЛИНА ИЗЛЕЗЕ НЕСПОСОБНОСТА НА СИТЕ ВАС КОИ ВЛЕГОВТЕ ВО ОВАА ПРИКАЗНА. Излезете во јавност и запознајте ги сите со црната судбина што ги чека оние кои искрено го сакаат РАБОТНИЧКИ!!! Се надеваме дека овој дел ке го прочитате со внимание и ќе извлечете поука за она што ве чека сите вас “НОВИ СПАСИТЕЛИ”!!!
СЕКОЈ ДЕН ЗА НАС Е НОВА БОРБА СЕКОГАШ ЗЛА НИКОГАШ ДОБРА!!!
Без ни малку почит кон сите спасители
СИТИ ПАРК БОЈС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.