Завршена е процедурата околу осигурувањето на капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ. Тој и официјално ја доби потврдата за настап во црвено-жолтиот дрес, по што без проблем може да настапува во националниот тим.
Капитенот на македонската репрезентација мораше да ги пропушти двете пријателски средби во Славонски Брод и Загреб поради осигурувањето потребно за неговиот договор за настап во НБА лигата. Но на 17. август, без проблем ќе може да настапува на закажаниот пријателскиот меч против репрезентацијата на Литванија. Веднаш по тој натпревар, репрезентацијата патува за Шпанија и за Германија каде ја очекуваат нови пријателски натпревари како подготовка за Евробаскетот во Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.