Вчерашнито инцидент во Кондово било поврзано со поранешни меѓусебни недоразбирања меѓу две закарани семејства. МВР соопшти дека се повредени две лица, но не од огнено оружје.
Според полицијата вчера околу 17,20 часот, на ул.„1“ во с.Кондово- скопско, настанала расправија и тепачка помеѓу И.Ф.(71) од с. Кондово и неговиот роднина и соселанец Ш.Ф.(42), во која потоа учествувале уште по неколку лица од двете страни. Дошло до престрелка со огнено оружје, но нема повредени лица од огнено оружје.
Во Ургентниот центар во Скопје пренесени се И.Ф.(71) кој се здобол со повреда на главата и И. Ф. (34) од с.Кондово, а се работи за повреди задобиени од удари со предмети.
Од страна на СВР Скопје приведени се сите учесници во настанот, инаку сите блиски роднини, освен Ш.Ф. за кого во тек се мерки за негово пронаоѓање. На лице место обезбедени се траги од крв, чаури, една автоматска пушка, рамки од автоматска пушка, патничко моторно возило, веспа „Априлија“, секира и други предмети кои се употребени во настанот.
Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


