Најновиот случај на Едвард Сноуден ги „завојува“ двете светски супер сили Русија и САД. Русија изрази разочараностод одлуката на американскиот претседател Барак Обама да ја откаже средбата со рускиот претседател Вадимир Путин за време на самитот Г-20 идниот месец во Санкт Петерсбург. За Вашингтон Москва е виновна за заладување на односите, откаако одлучи да му доделели азил на Сноуден. Москва пак смета со ова САД покажуваат дека не можат да развијат односи со Русија на рамноправно ниво.
Советникот за надворшена политика на Путин на прес-конференција истакна дека случајот Сноуден не го создала Русија туку дека САД со години ги игорирале барањата на Москва за потпишување договор за екстрадиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.