Македонија денеска влегува во жолта предупредувачка фаза поради високите температури и високата вредност на ув индексот. Ќе биде сончево и многу топло. Се најавува слаб северен и североисточен ветер, а во источните предели ќе дува северозападен ветер. Утринските температури од 14 степени целзиусови до 23степени целзиусови, а максималните дневни температури ќе достигнат до 39 степени целзиусови односно до степени целзиусови. УВ индекс 9. Во Скопје се најавен до 37 степени целзиусови.
И во петок тропски ден,со услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во западните предели во вечерните часови. Во текот на ноќта и во останатите предели.
Веќе од сабота се очекува промена на временската состојба. Ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, а локално можна е и појава на невреме. Во попладневните и вечерните часови ќе дува силен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури до 24 степени целзиусови, а максималните дневбни температури ќе се движат до 35 степени целзиусови. УВ индекс 6.
Умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, ветровито и со дополнителен пад на температурите ќе биде во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.