2012 година се најде меѓу десетте најтопли во историјата. Екстремните временски прилики во различни делови на светот укажуваат на „нова нормалност“, која се создава. Во светскиот климатски извештај за 2012 година не се споменува ниту една добра причина поради која доаѓа до појава на овие временски екстреми, освен зголемувањето на емисијата на јаглерод диоксид и метан.
Нивото на морињата достигнало рекордна висина, а 97 отсто од ледениот прекривач на Гренланд делумно се истопил во текот на минатото лето, што е четири пати повеќе, отколку во изминатите три децении.
Во изработката на извештајот учествувале 384 научници од 52 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.