| четврток, 6 декември 2018 |

Украдена опрема од МТМ телевизија

digital-television-remote-control-tv 2Минатата ноќ непознат сторител провалил во просториите на скопската телевизија МТМ и украл техничка опрема.

Според полицијата крадецот со употреба на подоген предмет влегол во просториите на МТМ телевизија на улицата „Благоја Стефковски“ и извршил тешка кражба од каде одзел техничка опрема во вредност од 484.841 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top