| четврток, 6 декември 2018 |

Европол уапси 36 лица и запленети 1,5 тони хашиш

europol-pic-630x421Европската полициска служба – Европол разбила голема мрежа на шверцери со дрога, а уапсени се 36 осомничени лица и запленети 1,5 тони хашиш.

Операцијата, во која учествувале шпанската цивилна гарда, Европол и француската, мароканската и шпанската полиција, започна минатата година, кога мароканската жандармерија пресретнала еден брод полн со хашиш и го уапсила неговиот екипаж.

Тогаш било откриено дека шверцерите редовно транспортираат хашиш од Мароко и Шпанија, а потоа го пренесуваат во Европа, се наведува во соопштението на Европол.

Покрај големото количество на дрога, во Франција, Мароко, Португалија и Шпанија запленети се и повеќе од 32.000 евра во готовина, над 200 мобилни телефони, 13 автомобили, еден мотор, брод и пиштол. Исто така, бил одземен и апарат за прецизно мерење на дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top