Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да поведе иницијатива за формирање објективна непартиска експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието на Република Македонија, но и за настаните кои претходеа.
Ова го соопштија од Кабинетот на претседателот. Писмото со иницијативата е испратено до претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Според иницијативата, Комисијата ќе има пет членови, од кои еден експерт ќе биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас кој би бил предложен од претседателот на Собранието. Претседателот на комисијата би бил предложен од шефот на државата, но избран со консензус.
Комисијата ќе има единствено мандат да ги утврдува фактите за настаните од 24 декември 2012 година, но и настаните кои претходеа на тој ден.
Претседателот се надева дека предлогот ќе биде прифатен и ќе бидат предложени експерти како членови на комисијата од страна на претседателот на Собранието, на Владата и лидерот на СДСМ
Иванов смета дека е потребно сите заедно да вложиме максимални напори да ја исправиме негативната слика која се создаде за Република Македонија.
„Во таа насока, повикувајќи се на нашата последна средба со комесарот Штефан Филе, имајќи ги предвид државните и интересите на нашите граѓани, одлучив да иницирам формирање на објективна непартиска експертска комисија која ќе има мандат да ги утврди фактите. Предизвиците кои ни се наметнаа како на држава и кои стојат на патот на напредокот мора да се надминат, за да не се остварат замисли за нашата иднина кои, никому, кој го посакува најдоброто за Република Македонија не му одат во прилог“, пишува претседателот во писмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани