| четврток, 6 декември 2018 |

Исламисти спремале атентат врз српскиот вицепремиер по налог на нарко босот Кељеменди

naser-keljmendiГрупа исламисти планирале атентат врз вицепремиерот на Србија Александар Вучиќ по налог на уапсениот нарко бос Насер Кељеменди, пишува Наше новине повикувајќи се на разузнавачи информации.

Исламистите биле уапсени од српската Безбедносната информативна агенција во близина на Арангеловац. Вооружената група била следена неколку месеци, а се состанувала во куќа во селото Босут. Најпрво се претпоставувало дека сакаат да организираат вахабистички тренинг камп, но потоа било утврдено дека тие всушност планирале атентат врз вицепремиерот.

Според оперативните сознанија, планот предвидувал нападот да се изврши од заседа додела колоната автомобили во која ќе бил и Вучиќ требало да помине низ Шумадија. Акцијата била откриена навреме, а трасата по која минувал вицепремиерот била променета во последен момент.

Атентатот бил организиран од најблиските соработници на нарко босото кои ги покриваат териториите на Босна, Косово и Нови Пазар. Тие во повеќе наврати се состанале на разни локации за да направат план за убиство на Вучиќ.
– Директен повод биле информациите кои кружат во подземјето за тоа како српски државни органи со поддршка на САД преговарале со Дарко Шариќ кој бил сведок во големиот процес против балканскиот нарко бос. Паниката се зголеми кога почна да се стега обрачот околу Насер Кељеменди, непосредно пред апсењето на Косово, вели разузнавачки извор за Наше новине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top