Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи во четврток и во петок три региони од територијата на државата ќе бидат зафатени од топлотена бран-портокалова фаза. Станува збор за осоговско–малешевскиот, охридско–преспанскиот и полошкиот регион, каде што се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите три региони скопски, јужно-вардарски и пелагонски ќе бидат зафатени со топлотен бран од жолта, односно алертна фаза.
Најавата од УХМР се однесува само на овие два дена, бидејќи за време на викендот се очекува мало намалување на температурите во целата држава.
Согласно со Акцискиот план за заштита од топлотни бранови, поради најавените високи температури за посочените денови и региони, коишто придонесуваат да се влошат условите за работа на отворен простор при што може да дојде до загрозување на животот и здравјето на работниците, Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд ги даваат следниве препораки до сите работодавачите (без разлика дали станува збор за јавен или приватен сектор) коишто важат за за осоговско–малешевскиот, охридско–преспанскиот и полошкиот регион за 8 и 9 август 2013 година:
Се препорачува во текот на деновите четврток и петок (8 и 9 август) да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години
- адекватна вентилација и по можност климатизација во работниот простор,
- да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период од денот односно во период од 11 до 17 часот,
- промени во организацијата на работниот процес, односно воведување работа во две смени,
- обезбедување на засолништа каде што вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата,
- почести паузи во текот на работата и консумирање на течности,
- предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).
Дадените препораки работодавачите треба да ги почитуваат со што ќе се зголеми безбедноста на вработените во услови на топлотен бран.
За институциите коишто згрижуваат деца и повозрасни лица од министерството препорачуваат:
– Детските градинки, односно во детските градинки децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.
– До домовите за згрижување на стари лица за преземање на мерки за климатизација на просториите или обезбедување на една ладна просторија (неопходна за портокалова фаза), да се нуди повеке лесна храна и течности, совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар. Совети за избегнување на дирекна изложеност на сонце од 11 до 17 часот.
– До Центрите за социјални работи за поголема соработка со единиците на Црвен крст и локалната самоуправа во поактивен пристап и помош на осамени стари лица, социјално загрозени лица и бездомници (лоцирање на лицата, домашни посети и помош).
Министерството за труд и социјална политика најави дека инспекторите за безбедност и здравје при работа ќе бидат во засилени контроли за на терен да се утврди дали работодавачите се придржуваат до препораките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


