| четврток, 6 декември 2018 |

Богата, убава, згодна, талентирана… и разголена (фото)

Таа е богата, убава, згодна, талентирана… Тенисерката Марија Шарапова сними уште една фотосесија, овојпат по долна облека, за септемвриското издание на магазинот “Shape Magazine”.

sarapova1

Во разговорот објавен во неделникот се пренесува нејзината реакција за силни звуци кои ги испушта за време на натпреварите. На прашањето, дали знае дека дури има рингтон за телефон, наречен “Screamapova” и претставува снимка токму на нејзините викотници, Шарапова одговара: “Не знаев дека постои такво нешто. Интересно“.

sarapova2

Русинката додава дека нема начин да нанесе удар без да прави такви звуци.

Марија зборува и за навиката да води дневник во кој ги опишува интересните случки во животот и за желбата да издаде книга.

sarapova3

-Пишувам на англиски, бидејќи еден ден луѓето ќе прочитаат нешто и ќе им биде полесно да разберат. Сонувам еден ден да напишам книга. Луѓето секогаш ме прашуваат како сум стигнала таму и сакам да ја споделам мојата приказна со младата генерација. Но, тие треба да го открија својот пат кон успехот, а не да следат друг. Кога децата ми велат дека сакаат да бидат како мене, јас им одговарам дека треба да бидат уште подобри – вели Марија.

sarapova4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top