| четврток, 6 декември 2018 |

Не кревајте на +88, +39, +390, +391, +392, +393, +394

Mobile Phone_4469Не одговарајте на повици и не повикувајте телефонски броеви кои почнуваат на +88, +39, +390, +391, +392, +393, +394 и други, бидејќи станува збор за измама – предупреди српското Министерство за внатрешни работи. Според Министерството, ова е нов вид криминал, кој е многу распространет во Европа, а од неодамна се врши и во Србија.

За време на истрагата било утврдено дека корисникот на мобилен телефон добива пропуштен повик, кој почнува на некој од наведените меѓународни телефонски кодови. Повикот може да се прими доколку телефонот навистина ѕвони, но и без да заѕвони.

Доколку корисникот веднаш го избрише повикот, со тој потег ќе се заштити. Но, ако го повика бројот на пропуштениот повик, тогаш тој станува жртва на криминалците. Една од жртвите која го пријавила случајот во српската полиција загубила повеќе од 2.000 евра.

Одредени броеви со овие телефонски кодови го вовлекуваат корисникот во ситуација, кога ќе го повика бројот да не може да го прекине повикот и на тој начин прави огромни сметки.

Бројот на пријавите во српската полиција секојдневно се зголемуваат, а жртвите на овој криминал влегуваат во огромни финансиски проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top