Младата американска пејаќка Кеша (Ke$ha) смета дека златниот пенис е одличен украс за на прст, уво или рака. Но, колку и да ја осудуваат за оваа нејзина колекција, ланецот со привезокот со овој мотив е веќе распродаден.
![]()
Пејачката, коај е често на листата на најлошо облечени славни личности, штотуку ја започна својата прва линија на накит.
Колекцијата насловена како „Кеша Роуз на Чарлс Алберт“ е полна со черепи, извадени заби и рози, а најголемо внимание привлекоа парчиња со машкиот полов орган како мотив. Кеша создаде цела палета на накит со машките гениталии.
Цените на различните парчиња накит се движат од 10 до 25 долари, а ѓерданите со привезок пенис е веќе распродадени!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


