| четврток, 6 декември 2018 |

Француска државјанка исчезна во Кичево

francuzinka vo kicevo39-годишна француска државјанка веќе две недели се води како исчезната во Кичево. Улиците во градот деновиве се преполни со летоци на кои се бара од граѓаните да пријават  каква било информација за жената.

На веб-сајтот kicevo.mk, пишува дека жената се викала Валери, а е исчезната од 25 јули. Висока е 168 сантиметри и има 39 години. Дента кога исчезнала, носела розови патики „адидас“.

Нејзините најблиски ги замолуваат сите што имаат  каква било информација веднаш да пријават во полиција на телефонскиот број 192.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top