| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот за извештајот за црниот понеделник продолжен

sobranie guzva3Рокот за усвојување на извештајот за настаните од 24 декември во Собранието што треба да го подготви ад хок комисијата е продолжен до 24 август поради отсуство на членови на Комисијата, објави „Дојче веле на македонски јазик“.

За десетина дена, односно до 24 август, е продолжен неформалниот рок за усогласување и усвојување на извештајот на Комисијата задолжена за расветлување на собраниските настани од 24 декември 2012 година, пишува „Дојче веле“ повикувајќи се на информации од дипломатски кругови.

Досега како неформален рок беше утврден 14 август. Дел од членовите на Комисијата се вратија од одмор, но дел штотуку заминаа, па таа веќе две недели не може да работи во полн состав. На одмор е и надворешниот член на Комисијата, Белгиецот Петер Ванхоуте, па се смета дека со неговото доаѓање составот би бил комплетен.
„Работата одамна е завршена. Прашањето е дали членовите на Комисијата ќе ги надминат теснопартиските визури низ кои го гледаат извештајот и дали во интерес на приоритетите на земјата ќе демонстрираат волја да го затворат ова прашање на најдобар начин и да покажат дека креираат политики на дијалог и разбирање“, велат за „Дојче веле“ дипломатски извори кои се добро запознати со работата на Комисијата.
Комисијата почна со работа кон средината на јуни составена од по два члена од ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, а за претседател беше поставен деканот на Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски. Давитковски еден месец подоцна поднесе оставка од позицијата поради неможноста да се усогласат ставовите на партиските преставници околу дел од точките во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top