Сестрите-близначки Камил и Кенерли Кит станаа вистинска сензација со својот необичен стил на изведување популарни рок-песни.
Девојките со нивните харфи повеќе од успешно ги отсвирија големите хитови на бендовите Ролингстоунс, АЦ/ДЦ, Пинк флојд, Колдплеј и Лед цепелин.
– Почнавме со овој проект за да додадеме живост во звукот на харфата, но не ни сонувавме дека на луѓето толку ќе им се допадне – изјави една од сестрите.
За само неколку месеци нивните музички видеа имаат милионска публика на „Јутјуб“.
Нивниот најголем хит во моментот е „Fear of the Dark” од Ајрон Мејдн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


