Активистот, кој деновиве се претставува како член на на граѓанската асоцијација „Авангард“, е истиот оној активист кој на почетокот на месец јуни ја бранеше општина Центар од внатрешната страна, за време на протестите против стопирањето на изградбата на црквата Свети Константин и Елена.
Ненад Матевски од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, според видеата, на 6-ти јуни може да се забележи во првите редови во општина Центар при протестот на верниците. Тој деновиве најпрво за Нова ТВ, а синоќа и во дневникот на Телма беше претставен како член на Граѓанската иницијатива „Авангард“, која протестира кај хотелот „Бристол“ против изградата на новата зграда на СРД.

Матевски, кој се претсатвува како член на Граѓанската иницијатива е нововработен во општина Центар без конкурс, преку Агенција за привремени вработувања. Тој бил вработен во општина Центар и за време на протестите на 6-ти јуни, каде може да се забележи со беџ на себе на снимката од А1он во внатрешноста од општината, пренесува „Курир“.
Засега сеуште нема ни потврда ни демант од општина Центар за тоа дали Матевски е вработен во општината.
По ова, се зголемуваат сомневањата на јавноста и аналитичарите дека протестите кај Бристол се исполитизирани, односно претставуваат проѕирен обид за политичка, па дури и партиска инструментализација на граѓаните врз основа на еколошки проблеми.
Гледајќи кои луѓе се неформални организатори на протестите (познати функционери, членови или симпатизери на СДСМ, ЛДП и други партии), несомнена е политичката заднина, односно проѕирноста на обидот за политичка, па дури и партиска инструментализација на граѓаните врз основа на еколошки проблеми – смета професорот Тони Науновски.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера преку излезе со став дека граѓаните треба да знаат дека оние луѓе кои се собраа кај Бристол се 90% членови и активисти на Бранко Црвенковски и негови послушници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


