| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва кошаркарите играат без Антиќ?!

pero.antic_Настапот на македонскиот кошаркарски репрезентативец, Перо Антиќ, против Хрватска е незивесен. Не се знае дали антиќ ќе застане на паркетот на натпреварите во Славонски Брод и Загреб.  Причина е постапката за осигурувањето на новата аквизиција на Атланта Хоукс, која што не е завршена иако била почната на време од страна на Македонската кошаркарска федерација.

МКФ на официјалниот сајт објави дека може да се случи Перо Антиќ вечерва да не настапи. Избраниците на Алеш Пипан играат од 20 часот пред публика, а утрешниот меч е закажан за 18 часот зад затворени врати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top