| четврток, 6 декември 2018 |

Монголија повторно расте

Анализите на светски агенции предвидуваат дека монголската економија трета година по ред ќе има најбрзо темпо на раст во светот.

Економијата на Монголија веќе две години има најбрзо темпо на раст во светот. Според различните анализи растот би бил меѓу 18 и 23 проценти. Банката HSBC претпоставува раст од околу 18 отсто, додека Economy Watch наведува за раст од дури 23 отсто. Аналитичари кои работат за монголскиот парламент предвидуваат БДП да се зголеми на 14,4 милијарди долари што означува годишен раст од 19 отсто.

Монголија има население од околу два милиона и 800 илјади луѓе кои живеат на околу 1,5 милиони кв/км. Економскиот раст се должи на веќе пет години „бум“ во рударството. Во 2011 година, во Монголија се регистрирани странски инвестиции од 4,7 милијарди долари. Најголеми трговски партнери и се Русија и Кина. Монголија извезува во Кина 94 отсто од стоките, а увозот од Rусија и е 27 отсто.

Сепак минатата година растот успорил на 12,3 проценти, бидејќи Кина ја намали побарувачката на јаглен заради успорениот раст. Јагленот е најголемиот извозен продукт, а дополнителен проблем беше падот на неговата цена лани. Така, не е остварен растот од 2011 од 17,3 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top