| четврток, 6 декември 2018 |

Момче се фрли од „мостот на смртта“

25-годишно момче од Куманово се самоубило скокајќи од Искрин мост на реката Пчиња на магистралниот пат Куманово – Свети Николе.

Според порталот „Кумановоњус“, момчето утрово се фрлило од 30-метарскиот мост, кој кумановчани го нарекуваат и мост на смртта бидејќи од него се самоубиле голем број луѓе.

Полициските екипи вршат увид на местото на настанот, пишува порталот „Кумановоњус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top