1. Кога водите љубов со сопругот, изненадно го губите интересот. Едноставно одеднаш не сакате да имате секс. Сакате на него да му биде убаво, но попрво би престанале во истиот момент. Дали е тоа нормално и зошто се случува?
– Не се грижете. Вашиот случај не е единствен. Проблемот ќе го решите ако го „следите“. Можеби вашиот партнер пдредени потези кои на вас не ви се допаѓа. Иако има цел вас да ви удоволи, вие не се чувстувате возбудено. Кога ќе се случи тоа, немој да се срамите тоа да му го кажете. За д аимате возбудлив и квалитетен секс, кажете му акде да ве допира, што сакте да направи. Во секој случај, не бидете премногу строги кон себе, ако не ви е до секс, прекинете го односот. Кажете му дека сакате д аго задоволите на поинаков начин.
2. Некогаш после сексот ви се плаче, но мислите дека е понижувачки, но дали е тоа нормално?
– На сексот може да придонесе, интензитетот на емоциите, од тага, еуфорија, па се до бес. Секоја жена на посебен начин го доживува сексуалниот чин. За една личност предиграта може да биде страшна, додека истата работа на друга жена може да и годи. Низ сето тоа, во текот на оргазмот се ослободува окситоцин, допамин и норепинефрин, супстанци кои во женскиот мозок можат да ги разбудат изненадуавчки реакции.
3. Некогаш по сексот крварите, многу малку, но гледате траги од крв. Дали е тоа нормално?
– Најдобро е да се обратите на гинеколог во ваков случај, без оглед колку е слабо крварењето. Било какво, дури и не забележливо крварење, по или за време на сексуалниот однос укажува дека нешто не е во ред. Во прашање е најчесто инфекција или цервикални полипи. Може да биде индикација на нешто посериозно како што е ракот. Некогаш и не мора нешто да значи. Краврењето кај младите девојки и трудниците е нормално поради промена во физиономијата на цервиксот (матката), па оваа појава кај нив е почеста.

4. Дали е нормално да чувстувате грчеви по сексот, дури и ако не сте во фаза на ПМС?
– Грчевите посебно во пределот на цервиксот, поточно во долниот дел на стомакот се вообичаени појави. Ако ви се случува ова во текот или непосредно по сексуалниот однос, можеби ви е полн мочниот меур, и треба да поведете ред за тоа. Ако грчевите се појавуваат постојано, посетете доктор, може станува збор за благо воспаление на уринарниот тракт.
5. Често во предиграта чувстувате болка, не силна, но е тапа и досадна, во долниот дел на стомакот, дали и другите жени имаат вакви проблеми?
– Многу жени страдаат од овој проблем, во одредени пози, со одреден партнер можат да имаат и благи непријатности. На болката влијае и вашиот менструален циклус. Но, ако низ овие болки имате и грчеви, изостанува менструалниот циклус, во тој случај треба да се обратите на доктор.
6. Вашата вагина е асиметрична, како изгледа нормален женски полов огран?
– Целосното човеково тело е асиметрично, па така и вагината. Не постои нормален или ненормален модел, секоја жена е различна и уникатна на свој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


