Стеротип 1: Розевата боја е на девојките
Пред 90 години розевата боја била машка боја. Иако, денес се смета дека сината боја е машка боја, а розевата за женска, некогаш важеле други правила. Американскиот магазин за жени „Home Journal“ од 1918 година, објавил дека розевата боја е посилна, изгледа одлучно и поради тоа повеќе им стои на мажите, а сината е нежна,префинета и благородна. Розевата се сметала за машка боја, затоа што е дериват од црвена боја која симболизира моќ и сила. Денешната перцепција дека розевата е женска боја, а сината е машка се појавила од маркетиншка причина.
Стереотип 2: Жената не е искрена кога одбива секс поради главоболка
Еден од најстарите стеротипи кои се однесуваат на сексот е женскиот изговор за главоболката. Се чини дека мажите немаат причина за грижа, бидејќи е голема веројатноста дека нивната најмила навистина има главоболка-жените имаат трипати повеќе можности да боледуваат од главоболка и мигрена од мажите. Таа разлика се намалува по 40-та година. Дека тоа не треба да биде изговор за одбивање секс е откритието дека оргазмот ја намалува болката и мигрената.
Стереотип 3: Жените тешко ја проценуваат далечината и близината
Се претпоставува дека бочното и воопшто паркирањето е тешко за жените, докажано е дека во делот на мозокот задолжен за ориентација има помалку активности отколку во истиот дел на машкиот мозок. Тоа е така, затоа што машите биле ловци, па со текот на еволуцијата тој дел повеќе се развил. Скенирањата на мозокот покажале дека 80 до 85 отсто од жените имаат нервно спојување од кое нема можност за просторна ориентација. Додека таквите спојувања кај мажите се вообичаени. Жените затоа ја развиле вештината на уверување и преговарање, па кај нив е повеќе развиен делот во мозокот задолжен за говор и меморија.
Стереотип 4: Црвенокосите се огнени
Жените со природна црвена коса обично се сметаа за темпераментни, а се верува дека ги одликува и голем сексуален апетит. Причина е тоа што црвената боја од одамна се поврзува со оган, а и денес влече кон слична конотација. Црвената боја е на конфликт и лутина, а симболизира љубов.
Познато е дека го зголемува крвниот притисок. Така германскиот научник проучувал и заклучил: сексуалниот живот на црвенокосите жени дефинитивно е поактивен од сексуалниот живот на црните и блоди жените. Тие имаат повеќе партнери и често се активни.
Стереотип 5: Жените се послабиот пол
Кога се говори за физичка сила, тогаш очигледно е дека жените се послаби. Иако во просек, на 105 мажи се раѓаат 100 жени, од моментот кога ќе се родат, жените земаат одредена моќ во свои раце-машкиот пол е послаб веднаш по раѓањето (почеста е смртноста кај машките деца по раѓањето). Подоцна машките деца често боледуваат од рак, дијабетис и срцеви болести. По 100 години жените се повеќе бројни во однос на мажите: на осум стогодишни жени, доаѓа само еден стогодишник.
Стереотип 6: Послабите жени се ултра секси
Облините на Моника Белучи никого не го оставаат рамнодушен, па затоа оваа теорија паѓа во вода. Иако, на славните дами цел им е да носат „нула“ големина, обично на мажите најпривлечни им се жените со облини. Во едно истражуавње учествувале испитаници од 18 до 60 години, силуета на жена со нормална фигура и со разлика во половината и колковите,прогласена е за најпривлечна. Со други зборови, тоа значи дека машката и женската фигура „песочен часовник“ ја мислат за најпривлечнa. Женската привлечност мерена на различни начини покажува дека сепак слабите жени не се тие кои се најпривлечни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


